Дома Тенис Надал сруши рекорд на Федерер

Надал сруши рекорд на Федерер

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја оставари рекордната 379. победа на турнирите од Мастерс 1000 серијата.

Надал е сега на самиот врв по бројот на победи на Мастересите. До сега првото место го делеше со Роџер Федерер. Легендарниот Шпанец до 379. победа стигна синоќа во натпреварот од осмина финалето на турнирот во Монтреал победувајќи го Аргентинецот Гвидо Пела со 6:3, 6:4.

Надал е и рекордер по бројот на освоени турнири од Мастерс 1000 серијата, има 34 титули. По него се Новак Ѓоковиќ со 33 и Роџер Федерер со 28 титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…