Рафаел Надал ја продолжи одличната форма и после освојувањето на Австралија Опен триумфираше и во Акапулко.
Надал во финалето го победи Камерон Нори од Велика Британија со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер не изгуби ниту еден сет и ја потврди одличната форма во која се наоѓа. Со овој триумф Надал прави скок на АТП листата и ќе застане на четвртото место пред Стефанос Циципас.
Британецот прикажа солидна борба, но на крај не можеше да направи изненадување. Вкупно за Надал ова беше 91. титула во кариерата.