Искусниот француски фудбалер, Франк Рибери по 12 години го напушти Баерн Минхен и кариерата ја продолжи во Фиорентина.
Рибери имаше договор со Баерн кој истече на крајот од минатата сезона, а откако што не доби понуда за продолжување одлучи да се обиде во Серија А и потпиша за Фиорентина. Се чини дека овој 36-годишен фудблаер направи одличен потег со доаѓањето во Фиренца и веќе ги воодушеви навивачите на овој клуб. Рибери на шест натпревари постигна два гола и запиша една аситенција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека годините се само број за него докажува фактот дека Рибери е прогласен за најдобар играч во Серија А за септември. Оваа награда ќе му биде врачена пред почетокот на натпреварот помеѓу Фиорентина и Удинезе. Треба да се додаде дека минатиот викенд Рибери беше одличен во победата на Фиорентина на „Сан Сиро“ против Милан.