Репрезентативецот на Јапонија, Јуто Нагатомо е оптимист пред осминафиналето со Хрватска кое се игра денес од 16:00 часот.
Јапонците ќе се обидат да одат чекор понатаму во однос на Русија 2018 кога во оваа фаза беа исфрлени од Белгија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Никогаш не го заборавив поразот од Белгија, го носам во себе, се сеќавам на глетките и сцените од тој натпревар, тешко беше во последните четири години. Се обидов да се подготвам психички, беше многу напорно да ги надминеме грешките што ги направивме. Подобро сме подготвени од претходно.
Ова е најсилната јапонска репрезентација во тој континуитет на учество на светските првенства. Сакаме да ја победиме Хрватска, едвај го чекам следниот предизвик и гласно да им кажам на сите мои соиграчи – браво“, изјави Нагатомо.
Нагатомо откри што им е потребно за да успеат.
„Потребна ни е храброст за да успееме. Ако направиме аналогија со самураите, пред борбата тие се обидуваат да ги подобрат своите техники и оpyжје, се подложени на подготовки, но ако почувствуваат страв, нема да можат да го искористат.
Во фудбалот имаме техника и работиме на тактика, но ако се исплашиме, се е за џабе. Мора да го победиме стравот за да ги максимизираме перформансите. Првиот предуслов е храброста“, изјави Јапонецот.