Нереди во Солун во ноќта пред натпреварот помеѓу Паок и Челзи во Лигата на Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Грчката полиција соопшти дека во Солун се повредени два навивачи на Челзи пред вечерашниот натпревар од Лигата на Европа.
Полицијата наведе дека четири напаѓачи во центарот на Солун претепале двајца Англичани. На претепаните навивачи им се укажала помош на лице место по што биле пренесени во болница.
Напаѓачите побегнале, а полицијата соопшти дека навивачите на тимот од Лондон не сакале да поднесат тужба.
Навивачите на ПАОК се познати како проблематични и жестоки па во вечерашниот натпревар се очекува жестока атмосфера.