Дома Фудбал Англија Навивачи на Ливерпул за 24 часа поминаа 11.000 километри и два пати ги гледаа „црвените“

Навивачи на Ливерпул за 24 часа поминаа 11.000 километри и два пати ги гледаа „црвените“

Ливерпул за прв пат во својата историја одигра два натпревари во период од 24 часа.

„Црвените“ според распоредот имаа натпревар од Лига Купот во Бирмингем против Астон Вила во вторник, додека 22 часа подоцна во Доха ги очекува Монтереј на Светското клупско првенство. Поради ваквиот распоред, Ливерпул против Астон Вила играше со млади фудбалери до 23 години и беше поразен со 5:0. Од друга страна во Доха против Монтереј обезбедија триумф од 2:1.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неколкумина навивачи направи вистински подвиг и успеаа во живо да ги гледаат и двата натпревари на нивниот клуб, иако Доха и Бирмингем се одалечени 5.500 километри.

„Дејли Мејл“ го помина патот со навивачите на Ливерпул кој во вторникот се упатија за Бирмингем на натпреварот со Астон Вила. По завршувањето на тој натпревар преспале во хотел во Бирмингем и утрото во 7:50 наутро се качиле на авион за Доха. По локално време слетале нешто пред 15:00 часи и имале помалку од три часа да стигнат на стадионот.

На крајот стигнале на време, а веднаш по завршувањето на натпреварот, заврши и нивната авантура во која за еден ден поминаа 11.000 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Киелини пред враќање во Јувентус?

Легендарниот Џорџо Киелини се враќа во Јувентус и на оваа тема се пишува прилично многу ов…