Дома Фудбал Италија Навивачите не му веруваат на Наполи: Тажна слика вечерва на „Сан Паоло“

Навивачите не му веруваат на Наполи: Тажна слика вечерва на „Сан Паоло“

napoli

Фудбалерите на Наполи вечерва на домашен терен играат против Шахтјор во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Наполи во првиот натпревар во Украина беше поразен со 2:1 и вечерва мора да запише победа за да избегне емиминирање од Лигата на Шампионите. Италијанскиот тим по двомечот со Манчестер Сити и двата пораза вечерва мора да слави против Шахтјор кој е главен конкурент за второто место.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, изгледа дека навивачите на Наполи не се премногу расположени за вечерашниот натпревар. Според пишувањето на медиумите на Апенините вечерва „Сан Паоло“ ќе биде многу празен, бидејќи домаќините продадоа само 15,000 карти.

„Сан Паоло“ има капацитет од 60,000 места и во повеќето случаи е полн без разлика кој е гостинот. Но, изгледа дека навивачите на Наполи немаат премногу надеж дека нивниот тим ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на Шампионите на пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…