Едер Милитао тешко се повреди во саботата вечерта на натпреварот меѓу Атлетико и Реал Мадрид (0:2) во првото коло од шпанската Ла Лига, што може да значи дека кралскиот клуб во наредните денови ќе бара нов стопер.
Два тешки удари за Карло Анчелоти во простор од само неколку дена. Најпрвин Тибо Куртоа на подолг период отпадна и ги скина вкрстените лигаменти, а потоа слична повреда заработи и Милитао. Заминаа двајца многу важни играчи на Реал, и клубот мора брзо да реагира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И додека голманското прашање го реши со доведување на Кепа Аризабалага од Челзи, се уште не се знае како Реал ќе го реши недостигот на дефанзивец.
Има информации дека Анчелоти нема намера да доведе нов стопер, дека ќе се потпре на тоа што го има, но шпанските новинари уверуваат се работи на ангажирање нов дефанзивец.
Има едно многу интересно име кое веднаш почна да се поврзува со Реал. Имено, се разгледува можноста за ангажирање на Серхио Рамос, кој го напушти клубот во 2021 година и замина во ПСЖ, но летово стана слободен играч и се уште е без ангажман.
Рамос дури на социјалните мрежи објави порака со поддршка за Милитао. „Не е фер, но ќе се вратиш посилен пријателе.
Заедно со евентуалната враќање на Рамос, Мундо Депортиво го споменува и Ајмерик Лапорте, кој знае дека нема да има доволно минутажа во дресот на Манчестер Сити и е подготвен да си замине.
Враќањето на Рамос би било навистина големо изненадување. На крајот на краиштата, се работи за човек кој освои се со Реал, вклучително и четири трофеи во Лигата на шампионите, но повторно многу новинари во Шпанија веруваат дека тоа нема да се случи, без разлика на ситуацијата.
Радио COPE тврди дека Карло Анчелоти ќе ги користи Антонио Рудигер, Давид Алаба, Начо, а по потреба ќе уфрли и играчи од Реал Мадрид Кастиља.