Дома Фудбал Навивачите на Интер го навредуваа сопственикот: Замини си и спаси го клубот!

Навивачите на Интер го навредуваа сопственикот: Замини си и спаси го клубот!

На пријателски натпревар вчера Интер ја победи Парма со 2:0, а фановите на „нероаѕурите“ не го криеа разочарувањето од работата на раководството во овој преоден рок.

Интер го освои Скудетото и кога сите очекуваа тимот да оди напред започна распродажба, Конте си замина, Хакими си замина, потврда за Лукаку се чека во секој момент…

Против Парма навивачите излегоа со пароли преку кои искажаа што мислат за работата на сопственикот.

„Жанг спаси го Интер и оди си“, Жанг времето ти заврши“, „Треба да го продадеш клубот…“, гласеа дел од паролите. Освен тоа и се скандираше против управата.

Инаку, кога е натпреварот во прашање Интер победи со головите на Брозовиќ и Весино. Лукаку не беше ниту на клупата, тоа беше само уште една најава за неговиот трансфер во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…