Во вчерашниот натпревар помеѓу Баерн и Барселона навивачите на германскиот клуб истакнаа транспарент против случувањата по cмртта на Кралицата Елизабета Втора.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради cмртта на Кралицата одложени беа сите фудбалски натпревари во Велика Британија, а се одложуваат натпревари и во европските натпреварување. Се одложи натпреварот помеѓу Арсенал и ПСВ од Лигата на Европа, додека натпреварот помеѓу Ренџерс и Наполи се одложи за еден ден подоцна.




Викендов ќе има натпревари во Премиер лигата, но колото нема да биде комплетно, ќе се одложат три дуели меѓу кои и дербито Челзи – Ливерпул. Одложени се натпреварите кои требаше да се играат во Лондон.




На транспарентот кои го истакнаа навивачите на Баерн вчера пишуваше:




„Во последен момент одложувања на натпревари и забрани поради cмртта на Кралицата. Почитувајте ги и навивачите.




Одложувањата не влијаеа врз Баерн, меѓутоа навивачите на германскиот гигант сакаа да го кажат својот став за целата ситуација.
Bayern Munich fans have unveiled a banner protesting against the impact of Queen Elizabeth II's death on football fixtures.
— ESPN FC (@ESPNFC) September 13, 2022
(via @markogden_) pic.twitter.com/rwN0TdRYWA