Дома Фудбал Англија Навивачите на Арсенал во неверување кога го видоа коефициентот за дербито против Сити

Навивачите на Арсенал во неверување кога го видоа коефициентот за дербито против Сити

Фудбалот во Европа полека се враќа, а неодамна беше потврдено дека сезоната во Англија ќе продолжи на 17. јуни.

Тогаш на програмата се два заостанати натпревари од 28. коло, а ќе се сретнат Манчестер Сити – Арсенал и Астон Вила – Шефилд. Натпреварите се играат од 21 часот и сигурно љубителите на фудбалот со нетрпение ги очекуваат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дербито помеѓу Сити и Арсенал е најдобриот начин за продолжување на сезоната после три месечната пауза.

За Арсенал ова е натпревар кој не смее да го загуби бидејќи се наоѓа на деветото место со пет бода помалку од петопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на место кое води во Европа.

Од друга страна, Сити е сигурен што се однесува на пласманот во ЛШ, но јасно е дека не сака со пораз да ја продолжи сезоната. Очекувањата од овој натпревар се големи и сигурно дека Арсенал има шанси да изненади посебно што натпреварот се игра пред празниот Етихад.

Сепак, обложувалниците не им веруваат многу на Топџиите дека можат да направат изненадување. Во понудите веќе можат да се видат коефициентите за овој натпревар, кои прилично ги изненадија навивачите на Арсенал.

Имено, за победа на Манчестер Сити е даден коефициент од 1.45, за нерешено 4.50, додека за победа на Арсенал високи 7.00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…