Хари Мегваер веројатно е најкритикуваниот фудбалер во светот поради своите лоши настапи и сумата која ја плати Манчестер Јунајтед за него.
Иако на почетокот имаше доверба и покрај критиките од фановите, сега Мегваер подоцна го загуби и првотимскиот статус. Очекувањата на навивачите се да си замине, меѓутоа сега медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед одбил понуда за англискиот дефанзивец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Вест Хем кој игра очајна сезона и е едно од најголемите разочарувања се обидел да го доведе Мегваер на позајмица.
Понудата до Јунајтед била Мегваер да биде позајмен до крајот на сезоната, но одговорот од „Олд Трафорд“ бил негативен.
Кога е неговиот статус во прашање, Мегваер е дури трет стопер кај Тен Хаг во овој момент.