Дома Трансфер зона Навивачите го избраа новиот клуб на Модриќ

Навивачите го избраа новиот клуб на Модриќ

Лука Модриќ како што стојат работите ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната. Оваа информација неодамна ја објавија германскиот инсајдер на „Скај“, Флоријан Плетенберг и италијанскиот експерт за трансфери Николо Шира.

Договорот на 38-годишниот хрватски играч за врска му истекува на крајот од сезоната, а околу неговата иднина се позанимава и порталот „Трансфермаркт“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Трансфермаркт“ побара од фановите да го изберат следниот клуб на Модриќ. Понудените одговори беа Ал-Наср, Интер Мајами, Динамо Загреб, но и да ја заврши кариерата. Најголем дел од одговорите беа Модриќ да се врати во Динамо.

Во текот на кариерата Модриќ настапуваше настапуваше уште за Зрињки, Интер Запрешиќ и Тотенхем. Дресот на Реал Мадрид го носи од 2012 година и досега одигра 515 натпревари, постигна 83 гола и асистираше 38 пати, вкупно освои 23 трофеи. За хрватската репрезентација собра 152 настапи и постигна 24 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…