Дома Фудбал Навивачите во еуфорија: Хакими пристигна на прегледи во Милано (видео)

Навивачите во еуфорија: Хакими пристигна на прегледи во Милано (видео)

Големото засилување на Интер, Ашраф Хакими денес пристигна во Милано каде треба да ги обави лекарските прегледи, а потоа да стави потпис на договорот.

21-годишниот Мароканец оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа со настапите за Борусија Дортмунд, па сигуро ќе биде големо засилување за „нероаѕурите“.

Интер за неговиот потпис на Реал Мадрид ќе му плати 40 милиони евра, плус 5 милиони евра во форма на бонуси.

Откако ќе ги помине лекарските прегледи, Хакими ќе стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селтик падна каде што не загубил 19 години: Фалкирк ја разгоре трката за титулата

Фалкирк го совлада Селтик со 2-0 за прва победа во меѓусебните дуели од 2007 година, а шам…