Maнчестер Јунајтед и сезонава има лошо почеток на сезоната, но Ерик Тен Хаг и понатаму ужива доверба од раководството.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Голем дел од навивачите сметаат дека Ерик Тен Хаг треба да добие отказ, меѓутоа во раководството и понатаму веруваат во холандскиот стратег.
„Дали имаме доверба во Тен Хаг? Да, апсолутно. Сметаме дека Ерик е вистинскиот тренер за нас и му ја даваме комплетната поддршка“, изјави извршниот директор на клубот „Олд Трафорд“, Берарда.
Не се разликува премногу и ставот на спортскиот директор, Дан Ашворд.
„Уживам во работата со Ерик. Мојата работа ја гледам како поддршка за него за на секој можен начин да има комплетен фокус на водење на тимот до успех“, истакна Ашворд.