Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо: Фаворити за финалето во ЛШ? Таму можат да се најдат само два тима

Мурињо: Фаворити за финалето во ЛШ? Таму можат да се најдат само два тима

Жозе Мурињо го кажа своето мислење за натпреварите од осминафиналето во ЛШ, како и за финалето, а веста не е добра за англиските клубови.

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и Челси не гледа ниту еден клуб во финалето на ЛШ. Тој е убеден дека во финалето ќе се сретнат Јувентус и Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Фаворити? Јас би рекол Јуве и Барселона. Сите зборуваат за Роналдо и Меси, но јас зборувам за Јувентус и Барселона.“ – изјави Мурињо во изјава за Калчомеркато.

„Англиските екипи, Ајакс и Порто исто така се добри екипи, но ја немаат истата количина на искуство. Кога ги имаш Роналдо или Меси, сигурно тоа ти дава дополнителен плус.“ – додаде поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед.

Инаку, Мурињо веќе подолго време е мета на шпекулации кога се работи за неговата иднина во кариерата. Се поврзува со многубројни клубови, а се чини дека е најблиску до враќање во Интер.

„Сакам да се вратам во јуни и да почнам припреми со некој клуб. Знам точно што е она што не го сакам сакам. Знам што сакам, не во смисла на некој клуб, туку на природата и обемот на работата“, гласеше изјавата на Мурињо дадена неодамна.

Многу веројатно е дека ќе видиме нов ангажман на Мурињо во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…