Дома Фудбал Мурињо: Стерлинг заслужи да добие црвен картон

Мурињо: Стерлинг заслужи да добие црвен картон

Португалецот Жозе Мурињо можеше да биде задоволен од синоќешниот натпревар помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити бидејќи неговиот тим забележа победа со 2:0.

Сепак, по натпреварот тој изрази незадоволство што Рахим Стерлинг не доби црвен картон на почетокот на натпреварот.

Тој направи прекршок во 12. минута, судијата му додели жолт картон, а после прегледот на снимката во ВАР собата беше одлучено така и да остане. Мурињо со тоа не се согласува.

„Ако топката не излезе од игра, тогаш не излегла од игра. Кога излезе, тогаш носиш одлука, но исправна. Стерлинг требаше да добие црвен картон.“

Тотенхем сега е петти со четири бода помалку од Челси кои се на последната позиција која води во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…