Манчестер Јунајтед спремил понуда од 48 милиони евра за ѕвездата на Баерн Минхен, Артуро Видал, пренесуваат чилеанските медиуми.
За инетресот на Мурињо за Артуро Видал се знае од порано, но сега почна да презема конкретни дејства. Имено, менаџерот на Чилеанецот отпатува во Англија на преговори со Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат на Баерн 48 милиони евра и шансите за реализација на трансферот воопшто не се мали, бидејќи Видал веќе ќе влезе во последната година од договорот.
Иако имаше најави дека играчот ќе потпише нов договор со Баварците, сепак двете страми се уште не седнале на преговарачка маса, а тоа значи дека Баерн е спремен да го продаде Чилеанецот.
Vidal's agent in England to discuss United move say Chilean Press https://t.co/YfY7RiBGAK#MUFC pic.twitter.com/63VM715URd
— The United Stand (@UnitedStandMUFC) March 28, 2018
Менаџерот на Видал е во одлични односи со клубот од „Олд Трафорд“ и се верува дека двете страни се блиску до договор за 4-годишна соработка.
Мурињо сака значително да го засили средниот ред бидејќи на крајот на сезоната сигурно ќе остане без Карик и Фелаини, а Видал е на врвот на листата желби.