Герет Бејл и Серхио Регулион ќе бидат нови засилувања на Тотенхем, а пред официјализирањето на овие трансфер се огласи Жозе Мурињо.
Мурињо даде чудна изјава во која порача дека му пречи што има повеќе играчи на располагање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да бидам искрен, не ми се допаѓа што имам толку многу играчи на располагање. На еден тренер му е тешко во таква ситуација“.
Сепак и додаде дека тоа може да му биде плус во одредени ситуации.
„Од друга страна, да се има екипа во која можете да изоставите девет играчи е плус кога имате згуснат распоред каков што имаме сега“.
Преодниот рок?
„Преодниот рок не е завршен. Ни треба напаѓач, ми се допаѓа Дени Ингс, секогаш ни прави проблем кога игра против нас“, изјави Мурињо.