Жозе Мурињо во последните неколку преодни рокови успеа да комплетира одличен среден ред и напад во Манчестер Јунајтед, но сложувалката се уште не е комплетна.
„Црвените ѓаволите“ во тековната сезона покажаа поголем број слабости, а најмногу во одбраната. Доаѓањето на Виктор Линделоф не ги реши во целост проблемите во последната линија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму поради тоа како што најавуваат шпанските медиуми, Мурињо како еден приоритетите за наредниот преоден рок го означил Рафаел Варан од Реал Мадрид. Наводно Перез за неговите услуги ќе мора да издвои околу 60 милиони евра.
Варан е прилично искусен и иако има само 24 години. Веќе собра 40 настапи за репрезентацијата на Франција. Во Реал пристигна како 18 годишник од Ленс, а скоро секој преоден рок барем еднаш се поврзува со Јунајтед.
Одигра 219 натпревари за Реал Мадрид и постигна десет голови. Оваа сезона е прилично стандарден во тимот на Зинедин Зидан и собра 30 настапи.Варан од 19 натпревари во Ла Лига на 18 ги одигра сите 90 минути.