Дома Топ вести Мурињо синоќа ја гледаше првата мета – повторно го руши светскиот рекорд

Мурињо синоќа ја гледаше првата мета – повторно го руши светскиот рекорд

Шефот на скаутите на Манчестер Јунајтед синоќа беше во Виена да го гледа натпреварот помеѓу Аустрија и Велс, а причина за тоа е Герет Бејл.

Мурињо не се откажува од идејата да го донесе Велшанецот на „Олд Трафорд“ и смета дека своевремено најскапиот играч на светот би бил последен дел од мозаикот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако Бејл моментално преговара за продолжување на договорот со Реал Мадрид, неодамна се појавија информации дека неговиот агент имал таен состанок со Манчестер Јунајтед.

Медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат најмногу пари во историјата на фудбалот и повторно да го срушат светскиот рекорд, но и му нудат плата од 20 милиони евра по сезона.

„Кралевите“ се спремни да му понудат најмногу 15 милиони евра по сезона, па може да се повтори истата ситуација како со Озил кој одбиваше да го продолжи договорот.

Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 150 милиони евра, сега на потег е Реал Мадрид!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…