Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој игра на позајмица за Баерн, нема да се пресели во Тотенхем, пренесува „Марка“.
Тренерот на „спарси“, Жозе Мурињо не е заинтересиран за трансфер на 27-годишниот играч. Тотенхем не може да си дозволи да ја плати цената на трансферот на Бразилецот, ниту да ја плати неговата плата, која изнесува околу 15 милиони евра годишно.
Кутињо е на радарот на неколку клубови од Премиер лигата, а последните информации се дека најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат Челзи и Њукасл.
Бразилецот оваа сезона за Баерн Минхен одигра 32 меча на кои постигна 9 гола и запиша 8 асистенции