Дома Фудбал Англија Мурињо распали по асовите на Манчестер Јунајтед: Размазени деца, немаат машкост, немаат карактер и своја личност…

Мурињо распали по асовите на Манчестер Јунајтед: Размазени деца, немаат машкост, немаат карактер и своја личност…

Познат е по тоа што умее да влезе во „војна“ со новинарите за да ја заштити екипата, но изгледа на Жозе Мурињо му прекипало на „Олд Трафорд“, па во интервју за Univision, не го поштеди квартетот фудбалери на Манчестер Јунајтед. На мета се Лук Шо, Антони Марсијал, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд. Не порази квалитетот, тоа не им недостасува, туку поради детскиот карактер.

„Им недостасува зрелост. И да бидам јасен, кога велам зрелост мислам на лично ниво. Порано имавме повеќе мажи, бевме подготвени за живот и помалку заштитени“, започна Мурињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес…

„Сега тоа се размазени деца. Денешните деца живеат поинаков живот, во полесно окружување, зборуваме за луѓето околу играчите. Тие им даваат премногу внимание, премногу изговори. И тогаш луѓето многу побавно созреваат“.

А каде води сето тоа?

„Лук Шо, има голем потенцијал, но не знае да се однесува. Голем потенцијал, да, потенцијал… Зборувам и за Марсијал, Лингард и Рашфорд. Млади, големи потенцијали, но на крајот на денот се се сведува на збор кој не можам да го изговорам, но вие овде доста го користите… Карактер, личност, тоа им недостасува“, потенцираше Португалецот.

Доста силни зборови на Мурињо. Се надеваме дека се извлечени од контекст? Не личи ова на „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…