Англиските медиуми утрово пренесуваат дека Жозе Мурињо донел одлука и дека наскоро ќе тргне по нова реконструкција на одбраната.
Мурињо во јануари сигурно ќе биде активен на трансфер пазарот, а приоритет е засилување на одбраната која вчера комплетно потфрли на мечот против Хадерсфилд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва мета е Хосе Гименез, фудбалерот на Атлетико Мадрид за кого Мурињо е спремен да плати 60 милиони фунти, колку што изнесува неговата откупна клаузула. „Црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе треба да се изборот во конкуренција со Јувентус, Интер и ПСЖ.
Карлос Солер е исто така на мета на Манчестер Јунајтед. Играчот за врска на Валенсија игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, особено поради фактот што се уште е релативно ефтин.
„Црвените ѓаволи“ исто така се спрмени да продадат и некои свои фудбалери доколку пристигнат понуди. Прв на листата за заминување е Андер Ерера кој се уште нема потпишано нов договор, а интерес за него покажуваат Барселона и Атлетико Мадрид.