Незадоволството кај фановите на Манчестер Јунајтед се повеќе расте поради слабите игри на тимот, а менаџерот Жозе Мурињо побара време за тимот да ја достигне посакуваната форма.
Исто така, португалскиот стратег ја истакна важноста на претстојниот натпревар со Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Фудбалерите треба да тренираат повеќе за да имаат еден вид период што тие го немаа по завршувањето на Светското првенство. Дел од нив беа повредени, дел не беа со тимот. Потребно е време за да дојдеме до посакуваното ниво. Имаме можност веќе на средбата со Тотенхем да покажеме до каде сме. Играме со силен противник и ќе биде многу тешко“, изјави Мурињо.
Португалецот е убеден дека мотивот кај неговите избраници е на многу високо ниво и дека тоа ќе го покажат вечерва на „Олд Трафорд“ против Тотенхем.