Дома Трансфер зона Мурињо одбил понудено засилување од Премиер лигата

Мурињо одбил понудено засилување од Премиер лигата

Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфред Заха би можел кариерата да ја продолжи во Рома. Британските медиуми пренесуваат дека Заха бил понуден на Мурињо.

Веќе подолго време се шпекулира за заминување на одличниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, но проблем претставува високата оштета. Зака не ја криеше желбата да соработува со Жозе Мурињо, но сега претстои да се договорат двата клуба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата сезона Рома ја освои Конференциската лига, а во новата ќе се обиде да стигне до поголем успех. На Скудето „волчицата“ чека уште од 2001 година. Во римскиот клуб веќе пристигна Немања Матиќ, а нареден кој ќе пристигне е поранешниот играч на Реал, Иско.

Процесот на преминувањето на Иско во Рома го забрза Жорге Мендеш, познатиот менаџер кој го застапува шпанскиот играч за врска. И медиумите во Шпанија се сложуваат дека Иско кариерата може да ја продолжи во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…