Дома Фудбал Мурињо: Интер оваа сезона ќе биде шампион во Серија А

Мурињо: Интер оваа сезона ќе биде шампион во Серија А

Во Интер оваа година после доаѓањето на Антонио Конте на клупата владее голема еуфорија, тоа се покажа и неодамна кога клубот за рекордно време ги распродаде годишните влезници за новата сезона.

Високо мислење за Интер во наредната сезона има и тренерот кој во минатото освои триплета со Интер, Жозе Мурињо.

Мурињо го зголеми притисокот над Конте со изјавата дека Интер оваа сезона мора да ја освои Серија А.

„Интер оваа сезона мора да ја освои Серија А. Сигурен сум дека тоа ќе се случи“, изјави Мурињо за „Газета дело Спорт“, а потоа зборуваше и за продолжувањето на неговата кариера.

„Во овој момент учам германски затоа што тоа е единствениот јазик кој ми недостасува. Зборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Нема да исклучам ниту една можност, дури и Германија“, порача Мурињо.

Ќе потсетиме, Мурињо е без ангажман од декември минатата година кога доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…