Дома Фудбал Останато Мурињо: Интер е мој дом, но тешко дека ќе се вратам во Италија

Мурињо: Интер е мој дом, но тешко дека ќе се вратам во Италија

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо и понатаму е без работа откако што на крајот од минатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Мурињо минатата сезона имаше серија лоши резултати во Јунајтед, а управата на клубот тогаш реши да му врачи отказ. Португалецот е без работа нешто помалку од година дена и призна дека сака да се врати на кормилото на некој клуб.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Португалецот се одмори од тренерската работа и работи како стручен коментатор на англиските телевизии, но призна дека тренерската работа му недостасува и дека сака да се врати на сцената.

Тој се поврзуваше со враќање во Италија претходните месеци, но порача дека тоа тешко дека ќе се случи.

„Интер е мој дом и некако со сите сум добар пријател. Ние сме како едно големо семејство и уживав во Интер. Веќе сум без работа осум месеци, но не мислам дека ќе се вратам во Италија, бидејќи едноставно таму не гледам иднина“, изјави Мурињо.

Мурињо се уште ја чека правта понуда и призна дека се надева дека тоа ќе биде од страна на некој од европските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите на Кадиз избегнале голема трагедија!

Фудбалерите на Кадиз избегнале трагедија, експлодирал едниот моторот на авионот со кој лен…