Дома Фудбал Англија Мурињо има ново име на листата: Го губи ли Барселона својот првотимец?!

Мурињо има ново име на листата: Го губи ли Барселона својот првотимец?!

Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната на Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми пишуваат дека Самуел Умтити е името кое Португалецот го држи на листата и бара да го види во дресот на „Црвените ѓаволи“ за следната сезона.

Францускиот стопер има договор со Барселона до 2021. година, а откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.

Умтити од 2001. година играше во Лион, од 2011. година потпиша прв професионален договор со Лавовите, додека пак во 2016. година стана првотимец на Барселона.

Но, ваквиот потег на Мурињо се чини значи дека не е задоволен од формата која ја нудат Линделоф и Крис Смолинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…