Дома Топ вести Мурињо е фаворит за наследник на Зидан!

Мурињо е фаворит за наследник на Зидан!

Тешкиот пораз на Реал Мадрид од ПСЖ очекувано ги засили шпекулациите околу иднината на Зинедин Зидан.

Се засилија шпекулациите дека Зидан нема да ја заврши сезоната на клупата на „кралевите“, а најголем фаворит за негов наследник е Жозе Мурињо, кој се уште е без ангажман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според платформата „Oddschecker“ која ги следи облозите и движењето на коефициентите во сите обложувалници, од ова утро Специјалниот е фаворит број еден за наследник на Зинедин Зидан.

После последниот судиски свиреж на „Паркот на принцовите“, дури 56% од сите облози за тренерска рокада во Реал биле ставени на Мурињо.

Уште во летото се зборуваше дека Мурињо може да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, но тогаш Флоретино Перез му даде доверба на Зидан. Медиумите тврдат дека некои од лидерите во клубот не го сакаат Португалецот.

На второто место според букмејкерите е Покетино, а потоа следат Масимилиано Алегри, Раул, Чаби Алонсо и Унаи Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…