Дома Трансфер зона Мурињо го сака својот миленик од Реал Мадрид

Мурињо го сака својот миленик од Реал Мадрид

Познато е дека Жозе Мурињо е голем симпатизен на играта на Рафаел Варан и одамна сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму Мурињо беше човекот кој го донесе Варан во Реал Мадрид и го афирмираше, па сега презема конкретни чекори повторно да го доведе во својот тим.

Варан моментално е со репрезентацијата на Мундијалот во Русија и не ја затвори вратата за трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Имаше некои контакти, но не директни. Ќе видиме што ќе се случи после Мундијалот“, изјави Варан.

Варан заедно со Серхио Рамос е столб на одбраната на Реал Мадрид и „кралевите“ сигурно нема лесно да му дозволат да си замине.

Сепак, Мурињо не се откажува и го сака својот миленик по секоја цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…