Дома Топ вести Мурињо го сака „режисерот“ од Мадрид: Тој е човекот за титулата!

Мурињо го сака „режисерот“ од Мадрид: Тој е човекот за титулата!

Англиските медиуми откриваат дека главна трансфер цел на Жозе Мурињо следното лето ќе биде играчот за врска на Реал Мадрид и германски репрезентативец, Тони Крос.

„Специјалниот“ бара засилување за средниот ред и смета дека Крос ќе биде идеален партнер на Пол Погба и засилување со кое ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крос игра извонредно оваа сезона за Реал Мадрид, неодамна го продолжи договорот, па тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе се откажат од еден од своите клучни фудбалери.

Во 2013 година Јунајтед и Баерн Минхен постигнаа договор за трансферот на Крос, но самиот играч преферираше кариерата да ја продолжи кариерата во Реал.

Имено на Крос во минатото се поврзуваше и со Манчестер Сити, но Реал Мадрид ги одби сите понуди кои пристигнаа за одличниот Германец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …