Тотенхем е силно заинтересиран за напаѓачот на Рен и сенегалски репрезентативец, Мбае Нианг, пренесува „Екип“.
Мурињо е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Хари Кејн и верува дека поранешниот напаѓач на Милан ќе биде идеално решение.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тотенхем сака да донесе квалитетн напаѓач бидејќи оваа сезона се виде дека нема адекватна замена за Хари Кејн кога тој беше повреден.
Нианг уште како тинејџер пристигна во Милан, го покажа својот талент, но потоа беше испраќан на позајмици и оваа сезона блесна во дресот на Рен.
За него интерес покажува и Марсеј, што е подобра варијанта за напаѓачот бидејќи ќе има поголема минутажа, но Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.