Дома Трансфер зона Мурињо во јануари по секоја цена сака стопер – ова е листата!

Мурињо во јануари по секоја цена сака стопер – ова е листата!

mourinho

Како и во летниот преоден рок така и во јануарскиот Жозе Мурињо ќе се обиде да ја засили одбраната.

На Островот сега пишуваат дека Мурињо означил две мети – Диего Годин и Милан Скриниар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Британците Годин би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 20 милиони евра, додека за Скриниар би требало да платат дури четири пати повеќе.

Сепак, во Јунајтед се надеваат дека можат да го искористат тоа што „нероаѕурите“ би можеле да се соочат со проблем поради ФФП (финансискиот фер-плеј).

Тоа се двете главни мети, но на листата наводно се уште Тоби Алдервилд од Тотенхем, Гери Кејхил од Челзи и Никола Милинковиќ од Фиорентина.

Португалецот е спремен целосно да го „реновира“ централниот дел на одбраната бидејќи оваа сезона само на три натпревари Манчестер Јунајтед не прими погодок, иако на голот има голман каков што е Давид Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…