Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо: Ајакс играше како да игра против Витесе во Холандија

Мурињо: Ајакс играше како да игра против Витесе во Холандија

Жозе Мурињо додека е се уште без ангажман често пати во медиумите се појавува давајќи свој коментари за одредени натпревари.

Португалецот сега направи и една своја анализа на вчерашното полуфинале помеѓу Ајакс и Тотенхем кое го добија Англичаните со пресврт и три постигнати гола во второто полувреме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо ја критикуваше тактиката на тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг и пристапот на вторите 45 минути во кои примија три гола.

„Секој тим има свој стил на игра и се адаптира на фудбалерите кои ги имаат играчите што ги има на располагање. Ајакс ја заслужи сета почит од луѓето кои г сакаат фудбалот. Меѓутоа некогаш за победа, посебно во тие „посебни“ натпревари потребно е да не си доследен на својот стил на игра. Некогаш треба да и играш спротивно“.

„Во второто полувреме мислам дека Ајакс требаше да ги реши слабостите кои ги криеше. Јас забележав многу напади во кои Блинд и Де Лихт не се враќаа назад. Најважно е во еден тим да направиш баланс, а балансот започнува од дефанзивната линија. Тие беа упорни со својот стил на игра и во второто полувреме играа како да е натпревар против Витесе од холандското првенство, a не полуфинале во кое нема право на грешки“, смета Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …