Фиорентина и Интер во возбудлив натпревар ги поделија бодовите 3:3, во рамките на италијанската Серија А, а натпреварот освен со бурниот финиш беше обележан со спектакуларниот гол на Луис Муриел.
Тој изведе слободен удар од околу 25 метри и ја испрати топката директно во горниот десен агол од голот на Хандановиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За каква мајсторија се работи можете да погледнете во видеото под текстот:
Ќе потсетиме во финишот од натпреварот во 96-тата минута се случи спорна ситуација кога судијата на главниот натпреварот процени дека Д’Aмбросио играл со рака во шеснаесетникот. Тоа беше трет пат во овој натпревар судијата да бара помош од ВАР.
После прегледувањето на снимките тој досуди пенал, а реализатор беше Џордан Веретоут за конечни 3:3.
Интер после овој натпревар останува на третото место 47 освоени бодови додека Фиорентина е деветта со 36 освоени бодови.
Luis Muriel scores this ? of a free kick for Fiorentina. Good luck trying to save this one!!
Fiorentina 2-3 Inter Milan pic.twitter.com/ugWkolnY7p
— Parceros United (@ParcerosUnited) February 24, 2019