Дома Топ вести „Мундо Депортиво“: Трансферот на Нејмар е договорен?!

„Мундо Депортиво“: Трансферот на Нејмар е договорен?!

Бразилскиот фудбалер Нејмар во последните денови повторно е во центарот на вниманието.

Откако пред две години беше главна ѕвезда на летниот преоден рок, името на Нејмар ова лето повторно се наоѓа по насловните страници низ светските медиуми и тоа поради неговото можно заминување од ПСЖ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не е тајна дека трансферот на Нејмар на „Паркот на Принцовите“ не ги исполни неговите очкувања, сега тој сака повторно да ја промени средината, а иако се шпкеулираше за враќање во Барселона, наводно тој ќе заврши во Реал.

Новинарот на „Мундо Депортиво“, Франсес Агиљар објави дека ПСЖ и Реал постигнале договор околу Нејмар и дека се чека само тој да даде „зелено“ светло, а за каков договор се работи во овој момент не е познато.

Последната понуда за која се пишуваше дека Реал ја испратил во Париз беше 120 милиони евра и Лука Модриќ.

Оваа вест доаѓа после објавата дека Кутињо се сели во Баерн. Ќе потсетиме Барселона цело време се обидуваше да го вклучи Кутињо во договорот за Нејмар, но од ПСЖ одбиваа. Останува да видиме дали во овие најави на Агиљар има вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…