Дома Трансфер зона Мундо Депортиво открива детали од понудата на Сити за Меси

Мундо Депортиво открива детали од понудата на Сити за Меси

Лионел Меси сериозно размислувал за заминување од Барселона во летото 2017. година, тврди Мундо Депортиво.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имал на маса богата понуда од Манчестер Сити, а преговорите биле константно водено во периодот од декември 2016. до ноември 2017. година.

Понудата која му е испратена била неверојатна. Мундо Депортиво тврди дека му бил понуден петгодишен договор вреден 250 милиони евра.

Покрај оваа цифра за Меси, Граѓаните биле спремни и на Барса да и платат 250 милиони евра.

Преговорите кои се одржани помеѓу таткото Меси, извршниот директор на Сити и поранешниот потпретседател на Барса на крајот не успеале.

После тоа Меси потпиша нов четиригодишен договор со Барса во ноември 2017. година, со плата од 35 милиони евра и клазула од 700 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Собослаи со големи пофалби за новиот тренер: „Ако си тренер на Ливерпул, мора да бидеш одличен“

Доминик Собослаи зборуваше со голема почит за тренерите со кои работел во Ливерпул, но пос…