Дома Македонски спорт Мак ракомет Мукаетов: Повеќе би сакал медал со Македонија отколку Ф4 со РК Алкалоид

Мукаетов: Повеќе би сакал медал со Македонија отколку Ф4 со РК Алкалоид

Денес македонскиот ракомет доби нов клуб, РК Алкалоид, а главната цел на овој клуб како што порачаа сопственикот Живко Мукаетов и партнерот Кирил Лазаров е создавање на македонска репрезентативна иднина.

Мукаетов на прес-конференцијата порача дека лично него повеќе би му било драго ако Македонија освои медал на некој голем турнир, отколку пласман на РК Алкалоид на Европско или Светско првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сметам дека јас како претседател досега покажав неутралност, сакам сите да имаат еднакви шанси, затоа и клубот ќе почне од првата лига, очекувам да расте со правилна работа. Го правиме овој проект за доброто на македонскиот ракомет. Отворено можам да кажам дека повеќе би сакал медал со Македонија на ЕП или СП, отколку пласман на РК Алкалоид на Ф4 во Келн“, порача Мукаетов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…