Дома Останати Кошарка НБА Морис со тројка со звукот на сирената ги сруши Вориорси, дабл-дабл на Јокиќ 🎥

Морис со тројка со звукот на сирената ги сруши Вориорси, дабл-дабл на Јокиќ 🎥

Најдраматично изминатата вечер во НБА лигата беше во мечот помеѓу Денвер и Голден Стејт.

Денвер успеа да слави против Вориорси, за нив тоа беше третиот последователен триумф во НБА. Тројката за победа на Денвер ја постигна Монте Морис во последните секунди после асистенцијата од Јокиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ повторно беше најдобриот на теренот со дабл-дабл од 35 поени и 17 скока, Брин Форбс уфрли 22 поени. Кај домаќините Стеф Кари постигна 25 поени и подели шест асистенции.

Детроит триумфираше над Бостон и тоа на гости со 111:112 со тоа беше прекината нивната серија од седум порази во низа. Бруклин беше подобар од Њујорк со 111:106. Серија порази прекина и Индијана (7) која дома го победи Вашингтон со 113:108. Треба да се издвои и победата на Лејкерси дома против Јута 106:101.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Атланта 109-130

Бостон – Детроит 111-112

Индијана – Вашингтон 113-108

Њујорк – Бруклин 106-111

Чикаго – Сакраменто 125-118

Мемфис – Портланд 119-123

Минесота – Торонто 91-103

Оклахом а- Сан Антонио 106-114

Феникс – Хјустон 124-121

Голден Стејт – Денвер 116-117

ЛА Лејкерс – Јута 106-101

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…