Кристиано Роналдо во јануари го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Саудиска Арабија каде стана најплатен фудбалер во светот.
Португалецот јавно го нападна Манчестер Јунајтед во интервју кај Пирс Морган и беше во потрага по нов клуб, а негова желба беше да се пресели во Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Морган, кој е голем навивач на Арсенал, 38-годишниот Португалец ќе завршел во Арсенал доколку „топчиите“ го побарале.
„Потсмевајте се колку сакате, но ако потпишавме со Роналдо кога си замина од Манчестер Јунајтед, како што тој сакаше до крајот на сезоната, ќе ја освоевме лигата. Тој знае како да освојува големи титули и да дава голови кога е најпотребно“, напиша Морган на Твитер.