Дома Трансфер зона Морати: Како Интер ќе го задржи Лаутаро ако тој не сака да остане?

Морати: Како Интер ќе го задржи Лаутаро ако тој не сака да остане?

Поранешниот претседел на Интер Масимо Морати смета дека миланскиот клуб не може да го задржи Лаутаро Мартинез ако тој сака да одие некаде на друго место.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веќе подолго време се пишува за можниот трансфер на Аргентинецот во Барселона. Наводно, за реализација на тој трансфер заинтересиран е и самиот играч.

Сепак, од Интер порачале дека нема да го пуштат младиот фудбалер додека некој не ја плати откупната клазула од 111 милиони евра. Сепак, Морати смета дека ако Лаутаро сака да замине тогаш Интер нема начин да го задржи.

„Како Интер ќе го задржи Лаутаро ако тој не сака да остане?  Нема начин. Никој не сака во тимот да има незадоволен играч“, изјави Морати.

Претходно се шпекулираше и за можна размена со Каталонците, меѓутоа ќе видиме што ќе се случува ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…