Дома Фудбал Англија Мората ги загрижи навивачите на Челзи: Јасно е што може да се случи ако Реал тргне по Азар

Мората ги загрижи навивачите на Челзи: Јасно е што може да се случи ако Реал тргне по Азар

morata

Шпанецот повторно е во репрезентацијата на својата земја, а вишокот време го искористи да поразговара со медиумите.

Мората не ја започна најдобро сезоната, имаше проблем со реализацијата, но на последните два натпревари успеа да постигне два погодоци. Изгледа дека за него доаѓаат подобри денови, а доби повик и од Луис Енрике во селекцијата на Шпанија што секако е охрабрување за самиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во интервјуто за шпанските медиуми Мората зборуваше и за желбата на Еден Азар да го облече дресот на Реал Мадрид со што сигурно дека ги загрижи навивачите на Челзи.

„Не можам да кажам дека Еден сака да го напушти Челзи, но јасно е што би се случило доколку Реал Мадрид тргне по него“, изјави Шпанецот.

Мората потоа додаде и дека Азар има добар однос со Челзи, каде што е миленик на навивачите.

„Тој има добар однос со клубот, многу е среќен тука, не е како во некои случаи каде што со задоволство би го напуштил клубот, сигурен сум дека размислува и за Челзи“, додаде Мората.

Реал без соменвање соврешно би му одговарал на Белгиецот, посебно после проблемите кои се појавија откако клубот го напушти Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …