Дома Фудбал Мората: Алегри го блокираше мојот трансфер во Барселона

Мората: Алегри го блокираше мојот трансфер во Барселона

Алваро Мората откри дека бил многу блиску до преселба во Барселона во јануари, но трансферот го блокирал Масимилиано Алегри.

Мората откри дека имал понуда на маса од Барселона, имал разговори Чави Ернандес, но тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го блокирал трансферот иако во Торино во тој преоден рок пристигна Душан Влаховиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Точно е, Барселона беше заинтересирана. Чави ми се јави, разговаравме за фудбалот и за се. Беше задоволство, ценев што поранешен играч како Чави смета на мене. Се чувствував добро поради тоа.“

„Имав четири-пет понуди, но Алегри ги блокираше сите. Беше јасен, рече дека сака да останам и дека сака да играм со Душан Влаховиќ. Не беше лесно да се игра на левата страна, но успеав да го направам тоа“, изјави Мората.

На крајот на сезоната Јувентус не ја искористи опцијата за откуп, па Мората се врати во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…