Францускиот тенисер Гаел Монфис се повлече од мастерсот во Париз, па така Новак Ѓоковиќ без борба оди во четвртфиналето.
Монфис на вчерашниот меч против Манарин заработи повреда на мускулот и беше прашање дали денес ќе може да излезе на терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фрустриран сум затоа што се повредив. Морам да одам на ултразвук да проверам што ми се случува со телото и како ќе реагира“, изјави после тој меч Монфис.
Ѓоковиќ претходно ги доби сите 17 средби со Монфис на АТП турнирите. Последен пат играа во полуфиналето на Дубаи 2020. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе го чека подобриот од мечот Фрик – Нори.