Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, го призна поразот од Барселона во финалето на Купот и играчите на каталонскиот клуб ги нарече „вонземјани“.
„Во Барса се навикнати да играат вакви финалиња. Овој клуб во тимот има вонземјани, кои играат на премногу високо ниво. Се обидовме да реагираме по 0:1, но бевме премногу срамежливи во своето однесување на теренот. Натпреварот беше тотално доминиран од Барселона, жалам за нашите навивачи“, истакна Монтела, кој посебно се осврна на Иниеста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Иниеста одигра натпревар на високо ниво. Човек би рекол дека има 25 години. Ќе биде многу тешко да се види уште еден играч како него наскоро“, заклучи Италијанецот
.
На крајот Монтела сезоната на Севиља ја оцени како позитивна и потврди дека ќе остане во Андалузија и следната сезона.
???????????????
Officially : Barcelona champion Cup King of Spain for the 4th time in a row #Barcelona ❤ ?
??????????????? pic.twitter.com/Uf9U1trPwv— Hani Basheer (@HaniBasheer1) April 21, 2018