Дома Трансфер зона Монако ги разочара англиските гиганти!

Монако ги разочара англиските гиганти!

Потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев, откри дека двајца фудбалери сигурно нема да го напуштат клубот ова лето.

Монако ова лето продаде тројца првотимци, за огромни суми Бернардо Силва и Бенџамин Менди завршија во Сити, додека Бакајоко направи трансфер во екипата на Челзи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај споменатите тројца, барем уште тројца фудбалери на Монако се посебно интересни на трансфер пазарот. Секако, еден од нив е Килијан Мбапе кој на големо се поврзува со Реал Мадрид.

Васиљев на конференцијата зборуваше и за двајца фудбалери покрај Мбапе за кои постои голем интерес. Во прашање е Бразилецот, Фабињо, како и францускиот репрезентативец, Тома Лемар.

За Фабињо голем интерес покажа Манчестер Јунајдед, додека Лемар уште од почетокот на летото се поврзува со трансфер во редовите на Арсенал.

„Кога во прашање се шпекулациите поврзани со Лемар, тој останува со нас. До овој момент ги задржавме сите играчи кои очекувавме да бидат со нас. Исто така и Фабињо останува со нас, тој е клучен играч во нашиот среден ред“, изјави потпретседателот на францускиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…