Дома Фудбал Лига на шампиони Моментот кога се повреди Коман е непријатен за гледање (ВИДЕО)

Моментот кога се повреди Коман е непријатен за гледање (ВИДЕО)

Баерн Минхен групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши со максимален учинок. Баварците во последното коло го победија Тотенхем со 3:1.

Голгетерскиот пост на овој натпревар го прекина Кингсли Коман во 14. минута, но десетина минути подоцна мораше да го напушти теренот поради нова веројатно тешка повреда.

Францускиот фудбалер истовремено го повреди коленото и зглобот при еден обид да ја прими топката. Незгодно згазна на теренот, го истегна зглобот, а истовремено предизвика хиперкстензија на коленото.

Коман не беше во состојба да го продолжи натпреварот и теренот го напушти со помош на лекарите. Засега нема информации за карактерот на повредата, меѓутоа за жал се работи за повреда од потежок карактер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тајна клаузула во договорот на Фабрегас: Само три клуба можат лесно да го преземат од Комо

Цеск Фабрегас наводно може да го напушти Комо за симболичен надоместок доколку добие понуд…