Дома Фудбал Англија Можно е целосно сопирање на продажбата на Манчестер Јунајтед

Можно е целосно сопирање на продажбата на Манчестер Јунајтед

Многу реална е можноста семејството Глејзер да го прекине процесот на продажба на Манчестер Јунајтед, тврди „Сан“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера се појави вест дека преговорите со кандидатите-купувачи ќе започнат денес. Меѓутоа, понудите кои присигнаа се далеку од сумата од 6 милијарди фунти, колку што бара Глејзер.

Медиумите пишуваат дека сите шестмина браќа и сестри во семејството Глејзер имаат различно мислење и не се едногласни за продажбата на клубот.

Во меѓувреме клубот ги подобри резултатите, готово сигурно следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, па цената ќе порасне.

Поради тоа медиумите на Островот информираат дека големи се шансите процесот на продажба да биде стопиран во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните останаа без важен фудбалер пред натпреварот со Хрватска, Тухел повика замена

Англиската репрезентација се соочува со проблем со составот пред почетокот на Светското пр…