Саудиска Арабија прави вистински „бум“ со трансферите на голем број фудбалери од Европа, а тоа би можело да ги промени и плановите на УЕФА.
Имено, според најавите во елитното европско натпреварување од сезоната 2024/2025 би можело да дојде до проширување, односно би се вклучиле и клубови од Саудиска Арабија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно беше објавено дека Лигата на шампионите ќе се зголеми на 36 учесници од септември 2024 година меѓутоа сега се најавува влегување и на клубови од азиската земја која вложува огромни суми во фудбалот со цел создавање на подобар имиџ во светот.
За УЕФА изгледа примамливо фудбалската моќ на Арапите, а се споменува додавање на две вајлд-карти кои би биле за најдобрите две екипи од Саудиска Арабија. Засега не е јасно дали тие две екипи би заземале некое место на европските тимови или ќе учествуваат 38 тимови.